Секси водителката Ники Осборн понижена на аеродром
Ники Осборн почувствувала срам откако ѝ рекле да го закопча кардиганот за „почитување на културите“ во салон на аеродром.
Австралиската радио водителка Ники Осборн (44) се почувствувала „понижено“ откако ѝ упатиле забелешка за облеката и стилот на аеродром. Инцидентот се случил во салонот на Квантас во Бризбејн, додека патувала службено на островите Whitsundays во Квинсленд, Австралија.
Ники Осборн, која често патува, напишала во својата колумна за „QWeekend“ дека се облекла подготвена за тропските предели. Кога пристигнала со колега, ѝ пристапил вработен кој на почетокот изгледал како обожавател.
Ме зграпчи за рака и рече: „Како прво, јас сум твој долгогодишен обожавател“, потоа додал: „Но, како второ, ќе мора да го закопчаш кардиганот за да се покриеш и да ги почитуваш другите култури во салонот“. раскажува Ники.

Водителката останала во шок. „Други култури? Се погледнав околу себе – само неколку работници и една мајка. Сепак, одеднаш ме обземаа шок, срам, понижување, лутина и фрустрација“, напишала Ники.
Таа објаснила дека носела бели панталони, розов боди и плетен бел кардиган – иста облека што ја носела на работа претходно тој ден. „Дали имав деколте? Да. Дали го покрив? Да. Дали тоа беше доволно? Очигледно не!“
По инцидентот, Ники се јавила во службата за корисници на Квантас. Таму ја увериле дека вакво нешто „никогаш повеќе нема да се повтори“. Но, разговорот ја вознемирил уште повеќе бидејќи ја прашале за секое парче од нејзината облека, што ја натерало да се чувствува уште пониско.
„Лута сум што ми ја пребаравте облеката и ме засрамивте. Повторно ме убедувавте дека тоа било нужно, а јас се чувствував понижено“, додала таа.
И покрај срамот, Ники истакнала дека со години лета со Квантас и немала намера да ја критикува компанијата, особено откако стјуардесата ја пофалила на летот.
„Кога излегов од летот, го повикав сопругот и тој забележа колку весело звучам. Му реков: ‚Стјуардесата ме натера повторно да се чувствувам добро во себе и искрено ми ја спаси неделата‘“, раскажала таа.
На крај, Ники заклучила: „Планирам да продолжам да летам со Квантас со години, но ќе внимавам на облеката и ќе се држам подалеку од високите морални стандарди на салонот!“





