„Знаеше дека не смее да ми го уништи лицето“: Беше ѕвер – ме тепаше!
„Знаеше дека не смее да ми го уништи лицето“: Беше ѕвер – ја тепаше најубавата жена Линда Евангелиста, а 14-годишни манекенки силувал!
„Знаеше дека лицето не смее да ми го допре, знаеше дека не смее да го уништи она што носи пари, разбираш?“, изјави познатата манекенка Линда Евангелиста во документарната серија The Super Models, каде што за првпат откри непознати детали од својот живот. Таа испрати силна порака за поддршка до жртвите на насилство и сексуално злоставување, откривајќи дека и самата била жртва на поранешниот сопруг Жералд Мари, со кого била во брак пет години.

Евангелиста се омажила за него на 22-годишна возраст, а пет години подоцна ја напуштила врската, признавајќи дека да се остави насилник не е лесна одлука. „Лесно е однадвор да се каже: само излези од таа врска. Но, тоа не е така едноставно. Не е доволно само да речеш: ‘Сакам развод, збогум.’ Тоа не функционира така“, истакна таа.
Во текот на 80-тите години, Жералд Мари бил на чело на европските канцеларии на Elite Model Management. Во 2020 година светот на модата го потресоа бројни обвинувања против него – најмалку 13 манекенки сведочеа дека ги силувал, а дел од нив биле малолетни, дури имале само 14-годишни. Иако француските обвинители во февруари ја затворија истрагата поради законските ограничувања застареност на делата, сведоштвото на Линда Евангелиста е дополнителен доказ за тежината на обвиненијата.
„Кога дознав дека повредил толку многу жени, дека им нанел толку болка… тоа ми го скрши срцето. Но, благодарение на силата на сите тие жени што имаа храброст да проговорат… Бог нека ги благослови. Тие ми дадоа сила и мене да прозборам“, изјави Евангелиста со солзи во очите.