Животен простор од десет квадратни метри
Зошто да не може да се замисли дека малиот простор за живеење може да биде практичен и функционален? Овие луѓе го нашле идеалниот начин да го искористат секој метар квадратен во своето живеалиште.
Повеќето од овие мали куќички се простираат на површина од 20 метри квадратни, што претставува помалку простор од една просечна гарсоњера, а некои од нив имаат само 10 квадратни метри. Од таа причина овие луѓе секако го редефинираат она што се нарекува „Амерички сон“, барем во класична смисла на зборот.
Сепак, постојат бројни трикови во тоа како малиот простор за живеење да се искористи што подобро, да создаде хармонија, практичност и функционалност.