Земјотрес ја погоди Грција, силно почувствуван во Атина

ВестиГрцијаСвет

Земјотрес со јачина од 5,3 степени, ја погоди Грција, силно почувствуван во Атина!

Силен земјотрес со прелиминарна јачина од 5.3 степени според Рихтеровата скала го погоди грчкиот остров Евбеја во понеделник доцна вечерта и беше силно почувствуван во Атина.

Она што особено загрижува е што земјотресот се случил на многу мала длабочина од само 5 километри, што обично предизвикува поинтензивно тресење на површината. Тоа предизвикало паника кај локалното население.

Според грчките медиуми, немало непосредни извештаи за жртви или штети. Грција се наоѓа на неколку геолошки раседи и често е погодена од земјотреси.