Запалено возило на Претседателот на Градската организација на СДСМ

ВестиМакедонија

Запалено возило на Претседателот на Градската организација на СДСМ, Ѓорѓи Галетановски.

Синоќа на социјалните мрежи се огласи Претседателот на Градската организација на СДСМ, Ѓорѓи Галетановски, каде што ја информираше јавноста дека неговиот автомобил бил запален.

Во целост Ви ја пренесуваме неговата изјава:

„Да, моето возилото е целосно изгорено. Ниту сум скаран со некој, ниту некој ми се заканувал, ниту ми наштетил. Сум помагал и ќе помагам кому можам секогаш. Секоја чест на пожарникарите, што пристигнаа за 3 минути и пламенот не ги зафати куќите. Апелирам до министерот, како и до Министерство за внатрешни работи и до надлежните, најбргу што може да го најдат сторителот, не поради финансиска загуба, поради мирен живот во Скопје и во цела држава на сите граѓани. Има и сејф сити и камери наоколу, да се надеваме дека мирот ќе биде вратен“, напиша тој.