Сидни Свини со оваа фотка го запали цел интернет

СелебритиФото

Сидни Свини предизвика лавина реакции со смела фотографија и нови детали од нејзините јавни настапи и кампањи.

Сидни Свини повторно стана центар на вниманието откако сподели провокативна фотографија што веднаш го привлече интересот на јавноста. На снимката, актерката позира во хотелска соба додека стилист ѝ го наместува корсетот, а друг ѝ додава накит. Свини ги покрива градите со рацете, што дополнително ја засили драматичноста на моментот.



Коментарите пристигнуваа со неверојатна брзина: „Не можам да поверувам дека ја објави оваа фотографија“, „Модерна Мерилин Монро“, „Интернетот едноставно не може да те издржи“. Фановите и медиумите исто така истакнаа дека постот за кратко време добил огромен број прегледи и реакции.

Синди Свини гола мејкап бекстејџ инстаграм фото

Покрај ова, Свини објави и фотографии со актерката Аманда Сејфрид, со која заедно го промовираат филмот „Слугинката“. Двете неодамна гостуваа во популарното шоу „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“, каде што ја претставија својата најнова соработка.

Во интервју за списанието People, Свини се осврна и на реакциите околу кампањата за American Eagle. Спорниот слоган „Сидни Свини има одлични фармерки“ дел од јавноста го протолкува како игра на зборови со сосема поинакво, неприфатливо значење.



Актерката истакна дека не очекувала таква интерпретација и дека не поддржува никакви идеологии што некои корисници се обидоа да ги поврзат со рекламата. Таа додаде дека многу од негативните етикети што ѝ биле припишани едноставно не се точни.