Прва екипна победа за Македонија

МакедонијаСпорт

Прва екипна победа за Македонија на ЕМОФ Скопје 2025.

Вчера, Женскиот македонски тим 3х3 натпреварите од групата ги почна со победа од 14:11 против Литванија. Со стрплива игра и дисциплина пред се македонските девојки стигнаа до предност од 4-5 поени и до важна победа.

За жал, вчера македонските селекции продолжија со борбени настапи во вториот ден, но повторно не успеаја да стигнат до победа.

Женската ракометна репрезентација го запиша и вториот пораз, овојпат од селекцијата на Швајцарија (33:20) во второто коло од групната фаза. Машкиот тим, исто така, беше поразен, од селекцијата на Шпанија со 31:26.

Женска екипка кошарка

Денес нови спортски возбудувања на ЕМОФ Скопје 2025. Ќе имаме настапи во 13 спортови на повеќе спортски арени во Скопје и Куманово.

На арената „Тодор Проески“ ќе се одржат финалните натпревари во машка конкуренција во скок во височина, 5 км брзо трчање, мешана штафета 4×400 метри, како и фрлање копје. Во салата „Јане Сандански“ се очекуваат возбудливи финалиња во џудо: девојки до 48 и 52 кг и момчиња до 60 и 66 кг.

Во Куманово ќе се одржи планински велосипедизам во двете конкуренции, а натпреварите продолжуваат и во останатите спортови – квалификации во пливање, гимнастика, пинг-понг, бадминтон и стрелаштво.