Продолжува потрагата по 16-годишно девојче во Вардар

ВестиМакедонија

Продолжува потрагата по 16-годишно девојче кое вчера потона во Вардар од село Уланци.

Вчера, во 16:42 часот, на бројот за итни повици беше примена пријава за две потонати женски лица, на возраст од 16 и 26 години, во реката Вардар, во близина на селото Уланци, Општина Градско.

Пријавата беше поднесена од сестрата на девојчето, која била вчера присутна на самиот настан, малолетничката потонала во реката заедно со 26 годишна девојка, која подоцна била пронајдена жива.

За жал 16 годишното девојче, вчера не беше пронајдено, се трагаше по него доцна синоќа, денес уште од рано изутрина ангажирани се припадници на МВР и специјалната единица Волци и потрагата продолжува.