Притвор за причинителот на обид за самоубиство на девојката од Тетово

ВестиМакедонија

Притвор за тетовецот – макро на 29 годишната девојка која се обиде да изврши самоубиство на 24.07.2025 година во Тетово.

За случајот во Тетово со девојката која пред два дена, поточно на 24.07.2025 год. се обиде да изврши самоубиство дозна целата македонска јавност.

ЛИНК: МВР спречи да се самоубие девојка во Тетово

Додека припадниците на МВР при СВР-Тетово се обидувале да ја спречат, како што стои во извештајот на министерството за внатрешни работи, еден од полицајците бил повреден од девојката со остар предмет.

Основното Јавно Обвинителство од Тетово не информираше дека е поведена постапка против 48-годишен тетовчанец, осомничен за кривично дело – Посредување при вршење проституција од член 191 став 2 од Кривичниот законик.

Осомничениот делото го вршел во неколку наврати во последните два месеци, обезбедувајќи клиенти за 23-годишна косовска државјанка сместена во неговиот мотел. Таа сексуалните услуги ги наплаќала, а поголемиот дел од заработката му го давала на осомничениот.

По предлог на јавниот обвинител на осомничениот му е определена мерка притвор, додека жртвата е сместена во транзитен центар за странци до завршување на постапката.