Португалија го освои трофејот во Лига на нации

Спорт

Португалија е кралица на Нациите, Роналдо со солзи во очите славеше уште еден триумф.

Португалија ја совлада Шпанија во пенали (5-3) и повторно го освои трофејот во Лигата на нациите. Натпреварот што се одигра во Минхен заврши 2-2 во регуларниот дел, но херојот на вечерта беше Диого Кошта, кој го одбрани шутот на Алваро Мората и ја запечати судбината на „црвената фурија“.

роналдо пехар

Кристијано Роналдо, капитенот на Португалија, повторно се впиша во историјата. Иако го заврши мечот на клупа поради повреда, неговото влијание беше огромно – го постигна вториот гол за својата селекција и ја одржа надежта жива. „Имам многу титули со клубовите, но ништо не се мери со победа на Португалија. Ова се солзи на радост“, изјави емотивниот Роналдо по мечот.

Шпанија поведе двапати преку Зубименди и Ојарзабал, но Нуну Мендеш и Роналдо двапати израмнуваа. Мендеш, кој беше одличен низ целиот меч, не само што постигна гол, туку и асистираше за погодокот на Роналдо. Од другата страна, 17-годишниот Ламине Јамал беше речиси невидлив – потполно неутрализиран од одбраната на Португалија.

јамал
Рубен Невеш беше последниот стрелец во пенал серијата, кој ја погоди мрежата и ја запали еуфоријата на стадионот „Алијанц Арена“. Со оваа победа, Португалија ја освои својата втора титула од Лигата  на нациите, по првата во 2019 година.

Почина навивач

За жал, вечерта беше засенета и од трагедија – еден навивач почина откако паднал врз медиумска зона за време на првото продолжение. УЕФА го потврди инцидентот и изрази сочувство кон семејството.

„Ова е тажен момент за сите нас“, изјави селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте.