Необичен интимен тренд станува сè попопуларен
Еден неконвенционален тренд во интимните односи, познат како „hotwifing“, добива сè повеќе следбеници. Некои парови тврдат дека токму тој им ја спасил врската.
Во свет во кој табуата сè повеќе се рушат, луѓето стануваат исклучително отворени во споделувањето на своите интимни искуства – и тоа не само со блиските, туку и јавно, на социјалните мрежи, подкасти и медиумски платформи.
Еден од најконтроверзните трендови кој полека добива сè поголема популарност, особено меѓу младите мажи, е феноменот познат како „cuckolding“ – во превод, набљудување на својата партнерка додека има сексуален однос со друг маж. Иако за некои ова е неподнослива идеја, за други претставува возбудливо и интимно искуство што ја зацврстува врската. Според истражувања спроведени во Обединетото Кралство, секој десетти маж би сакал да го испроба.
Кога фантазијата станува реалност: Што е „hotwifing“?
Некои парови отидоа и чекор понатаму, вклучувајќи по двајца партнери во акцијата – додека мажот набљудува. Овој тренд е познат под терминот „hotwifing“, а за многумина претставува ослободувачка и еротска практика, која, и покрај тоа што изгледа екстремно, често се опишува како начин за продлабочување на довербата и емотивната врска.
Еден маж, чие име во текстот е променето во Логан, споделил зошто токму оваа пракса му претставува задоволство:
„Тоа ми е како кога му го даваш својот автомобил на пријател да го вози. Тој ќе осети колку добро оди. Ќе мора да го врати, но ти уживаш затоа што си горд на тоа што имаш. Тој добива увид во мојот свет, а јас сум сведок на таа возбуда.“
Некои парови дури бараат професионални актери од филмови за возрасни преку специјализирани платформи, за да учествуваат во нивните интимни фантазии. На прв поглед делува шокантно, но коментарите на многумина говорат за спротивното.
„Сега го сакам уште повеќе“
Ребека и нејзиниот сопруг Алекс се одлучиле на ваква авантура откако таа му признала дека има фантазија за сексуален однос со двајца мажи. Тој не само што ја прифатил идејата, туку и ја поддржал да ја оствари.
„Нема ништо поубаво од тоа да го споделиш ваквото искуство со некој што го сакаш и притоа да знаеш дека тоа не ја намалува љубовта што ја имате. Сексот и љубовта не се исто. Всушност, ова нè зближи уште повеќе. Звучи лудо, но сега го сакам уште повеќе,“ изјавила Ребека за LADbible.
Реакциите се поделени – но резултатите се реални
Иако реакциите на јавноста се крајно поларизирани – од згрозување до фасцинација – многу парови тврдат дека токму практикувањето на ваквите фантазии им го спасило бракот или долгогодишната врска. За нив, искреноста и слободата во интимноста не се причина за љубомора, туку пат кон подлабока поврзаност.