Немирите во Непал

ВестиСвет

Во Непал моментално се случуваат големи немири, предводени од млади демостранти.

Во Непал се случува еден од најжестоките бранови на протести во последните децении. Стотици илјади млади демостранти (родени под 1995 година) излегоа на улица, револтирани од политичката корупција, нееднаквост и недостиг на економски можности.

непал

Што предизвика да започнат немирите

На 8 септември, владата на премиерот K.P. Sharma Oli воведе забрана за 26 платформи (Facebook, X, YouTube), барајќи регистрација и контрола. Тоа ја запали јавната фрустрација и беше дочекано како цензура на слободата на мисла и говор.

Забраната беше укината следниот ден, но штетата беше направена – протести продолжија и ескалираа во сериозни судири.

непал

Масовен бран: Младата генерација главна на простестите

Демонстрантите, претежно млади студенти и бруцоши, почнаа со мирни маршеви, против укинувањето на социјалните мрежи. Брзо потоа дојде до судири: полицијата по наредба на власта употреби солзавец, гумени куршуми, па дури и огнено оружје. Најмалку 19 млади лица загинаа официјално за време на првиот ден од протестите, а некои извештаи наведуваат до 25 починати и преку 600 повредени.

непал

Eскалација на ситуацијата

Протестите прераснаа во хаос: парламентарната зграда Singha Durbar, домови на политичари, медиумски канцеларии, па и затвори беа нападнати и запалени. Од неколку затвори избегаа околу 3.000 затвореници, вклучувајќи и поранешени министери. Бившата жена на премиерот на Непал, Jhalanath Khanal, беше убиена. Нејзиното име беше Rajyalaxmi Chitrakar (понекогаш пишано и како Rabi Laxmi Chitrakar). На 9 септември 2025 година, за време на големи нереди во Катманду, толпа демонстранти ја запалија неговата куќа во реонот Dallu, а таа остана заробена внатре и подлегна на повредите предизвикани од изгореници откако беше префрлена во болница.

Војката како поддршка на демострантите
Војката како поддршка на демострантите

Владината реакција и воена интервенција

Премиерот Oli поднесе оставка на 9 септември и остана како в.д. премиер без јасна легитимна функција. Армијата беше распоредена низ главниот град и други градови, воведен е еднодневен, а потоа ноќен и дневен полициски час.

Претстојни сценарија и барања

Младите протестанти ја предложија поранешната врховна судијка Сушила Карки за привремена премиерка. Постојат контрадикторни реакции во јавноста, но е јасно дека довербата во постоечките партии е срушена. Нивните барања се: корупцијата да се пресече, премиерот и членовите на владата да се казнат, нов конститутивен процес и распуштање на парламентот како предуслов за транзиција кон транспарентна, инклузивна демократија.

Анализа и став

Ова не е само реакција на една политичка мерка. Ова е експлозија на генерациска бес, на неодржлив економски систем. Сопствените деца на политичкиот врв уживаат во луксуз, додека млади ги напуштаат земјата за да преживеат. Армијата како клучен фактор сигнализира речиси воена криза. Настаните ги носат ризиците од фрагментација на институциите и до извесна државна нестабилност.

Најблиската иднина ќе покаже дали Непал ќе се спаси или ќе се потоне под товарот на сопствената неефикасност.