Маж од делчевско, нападнал полицаец под дејство на алкохол
Лишен од слобода маж од делчевско, во здравствена установа нападнал полициски службеници откако претходно под дејство на алкохол направил сообраќајка.
Вчера полициски службеници го лишале од слобода, 36 годишен маж од Делчевско, село Звегор, бидејќи предходно направил сообраќаен прекршок, под дејство на алкохол, а подоцна кога му е укажана лекарска помош во болница, напaднал и полициски службеници.
Во соопштението на МВР стои:
“На 25.07.2025 во 17.25 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода Н.В.(36) од село Звегор, делчевско, поради тоа што во 17.00 часот во здравствена установа во Делчево, по претходна случена сообраќајна несреќа, физички нападнал полициски службеници додека извршувале службени дејствија. Кај Н.В. биле констатирани 1.48 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.”