Кети Пери ги сврте погледите со фустан кој едвај и ги покриваше градите
Американската пејачка Кети Пери го привлече вниманието на доделувањето на наградите Breakthrough во Санта Моника благодарение на фустанот што го носеше.
Таа се одлучи за креација со светки која едвај и ги покрива градите. Фустанот е исто така исечен на грбот. Косата ја покри со украс направен од истиот материјал.
Изгледот го комплетираше со едноставна шминка. Таа расположена им позираше на присутните фоторепортери.
На овој настан присуствуваа и многу други познати личности, меѓу кои Лорен Санчез, Џеф Безос, Присила Чан, Марк Цукерберг, Бил Гејтс, Салма Хајек…
На 14 април Кети Пери ќе лета во вселената како дел од ракетната мисија NS-31, предводена од Blue Origin. Покрај неа, во вселената одат и американската новинарка Гејл Кинг, поранешната водителка Лорен Санчез, поранешниот ракетен научник на НАСА Аиса Боу, активистката за човекови права Аманда Нгујан и филмската продуцентка Керијан Флин.
Пејачката изјави дека за ова патување сонува повеќе од 20 години. Кога Blue Origin објави дека планира ракетна мисија, јас им реков дека сум прв во редот.
„Тогаш ми се јавија и реков: „Навистина? Добив покана?“ Потоа ми рекоа дека првпат женска екипа летала во вселената“, рече таа меѓу другото во интервју за магазинот „Ел“.