Како да ја исчистиш машината за перење алишта
Како да ја исчистиш машината за перење алишта, во продолжение ќе ви откриеме 5 лесни чекори.
Машините за перење алишта се вистински мајстори за чиста облека – но што кога самата машина почнува да мириса. Ако почувствувате непријатен мирис секојпат кога ќе ја отворите вратата од машината, најверојатно е време за темелно чистење. Не, не зборуваме за само бришење со крпа – туку за целосно чистење со препарати кои сите ги имаме дома.
Секојдневното перење остава трага – остатоци од детергент, омекнувач, влакна од алиштата и влага која се собира зад гумениот оквир и во деловите кои ретко ги гледаш. Тие „невидливи“ наслаги стануваат рај за мувла и бактерии. Ви откриваме 5 супер едноставни чекори за чистење на машината за перење алишта:
Што ќе ти треба:
Бел оцет
Сода бикарбона
Вода
Мека крпа
Сунѓер
Чекор 1: Подготви ја „магичната мешавина“
Во мала чаша измешај 1/4 чаша сода бикарбона со 1/4 чаша вода. Оваа смеса стави ја директно во преградата за детергент. Таа ќе делува како природен разградувач на наслаги.
Чекор 2: Оцетот во барабанот
Во самиот барабан ставете две чаши бел оцет – без алишта, секако! Наместете ја машината на најжешката програма и дозволи оцетот да ја изврши својата антимикробна магија.
Чекор 3: После циклусот на перење– чистење со крпа
Кога ќе заврши циклусот на перење, избриши го барабанот со мека крпа за да ја отстраниш преостанатата влага и какви било остатоци. Не заборавај да го извадиш и исчистиш садот за детергент (провери во упатството ако не знаеш како се вади). Исплакни го и добро исуши пред повторно да го ставиш.
Чекор 4: Фокус на гумениот прстен околу вратата
Местото каде што најмногу се таложи мувла е гумениот прстен околу вратата. Натопи сунѓер со оцет и триј го прстенот – добро и темелно. Ако имаш миленик, очекувај скриени влакна.
Чекор 5: Отвори ја вратата!
Наједноставниот чекор: остави ја вратата од машината подотворена. Секогаш. По секое перење. По секое чистење. Вака влагата ќе испари и машината нема да има лоша миризба.