„It Ends With Us“, филмот што стана сензација
Од културен феномен до правна војна – како адаптацијата на романот It Ends With Us се претвори во холивудска драма зад камерите.
Кога во 2019 година Џастин Балдаони објави дека ќе го екранизира романот It Ends With Us на Колин Хувер, публиката реагираше со ентузијазам. Книгата беше вистински литературен феномен – продадена со над 20 милиони примероци.
Кога беше објавено дека Блејк Лајвли ќе ја глуми главната јунакиња, Лили Блум – млада цвеќарка од Бостон со трауми од семејно насилство – фановите беа воодушевени. Покрај неа, Балдаони го игра нејзиниот шармантен но насилен партнер Рајл, додека Брендон Скленар го толкува стариот љубовник Атлас.
Филмот беше објавен во август и стана глобален хит со приход над 350 милиони долари.

Токсична заднина: Проблеми во продукцијата
Пред премиерата започнаа шпекулации за затегнати односи помеѓу Балдаони и Лајвли. Во декември, таа поднесе тужба против него, обвинувајќи го за сексуално вознемирување и организирана кампања за уништување на нејзиниот углед. Балдаони ги негира обвинувањата и возврати со контратужба, која во јуни беше отфрлена.
Промотивната турнеја беше – со акцент ставен на модата и брендиран џин наместо на главната тема да биде: семејното насилство. На новинарите им било кажано да избегнуваат „тешки прашања“. Во Њујорк, Лајвли и Балдаони дури и не се фотографираа заедно. Интернетот брзо забележа дека таа, авторката Хувер и некои членови на екипата веќе не го следат на социјалните мрежи.
Ескалација: Тужби, обвинувања и јавна поддршка
Четири месеци по премиерата, Лајвли поднесе формална тужба против Балдаони и неговата продукциска компанија Wayfarer Studios, обвинувајќи ги за „систематско сексуално вознемирување“. Наводно, на снимањето било договорено Балдаони да не прави коментари за својот полов орган, да се ангажира координатор за интимни сцени и да нема „пријатели од продукцијата“ на сет кога таа е делумно гола.
Дополнително, Лајвли обвини дека Балдаони вработил кризен менаџер со целосна стратегија за нарушување на нејзиниот имиџ, преку т.н. „дигитална армија“ што пласира лажни, но веродостојни објави.
Одговорот од правниот тим на Балдаони беше остар – тие ја обвинија актерката за уцена и закани дека ќе го саботира филмот ако не се исполнат нејзините барања. Меѓутоа, судот во јуни повторно ја отфрли и неговата тужба од 400 милиони долари против неа и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс, нарекувајќи ги обвинувањата „правно недоволни“.
Во меѓувреме, организацијата Vital Voices му ја одзеде наградата на Балдаони за солидарност со жени што претходно му ја додели, нарекувајќи го неговото однесување „спротивно на нивните вредности“.
Во хаосот, актерки како Америка Ферера, Амбер Тамблин и Алексис Бледел застанаа на страната на Лајвли, нарекувајќи ја „храбра“ и „решена да обезбеди безбеден работен простор“. Авторката Хувер, пак, изјави дека Лајвли е „чесна, љубезна и трпелива личност“.
Сепак, јавноста останува поделена, а случајот се уште не е завршен.