Гори фабриката „Нула отпад“, има густ чад низ Скопје и не се дише

ВестиМакедонија

Гори фабриката „Нула отпад“, има густ чад низ Скопје и не се дише, ситуацијата е повеќе од драматична!

Густ црн чад се издигна врз Скопје, граѓаните во паника, се шири лоша миризба. Како што дознаваме избувнал пожар во „Нулта отпад“ во Трубарево.

Пожарот избувнал во село Трубарево, а првичните информации укажуваат дека гори фабрика за пластични материјали која исто така чувала и електричен и електронски отпад.

скопје

Во гасење на пожарот се вклучени неколку екипи од Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје, потврдија од Дирекцијата за заштита и спасување и од Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје. Се слушале и неколку експлозии од фабриката за рециклирање на отпад, огнот според некој информации се приближува до куќите кои се во близина.

Овој отпад содржи екстремно токсични, често канцерогени супстанции што доведуваат до оштетување пред се на мозокот, срцето, бубрезите, белите дробови, а влијаат и на зголемување на крвниот притисок и на проблеми во репродуктивниот ситем кај луѓето.

Речиси 70% од тешките метали, вклучувајќи ја живата и кадмиумот на депониите потекнуваат од електронската опрема.