Фронтменот на Måneskin, Дамијано Давид, се сврши со Дизни ѕвездата Дав Камерон

МузикаСелебрити

Дамијано Давид од Måneskin и Дизни ѕвездата Дав Камерон се свршиле по две години врска. Во Сиднеј е забележанa со дијамантен прстен на нејзината рака, што ги поттикна шпекулациите за свршувачка.

Италијанскиот музичар и фронтмен на бендот Måneskin, Дамијано Давид, и американската актерка и пејачка Дав Камерон, позната по улогата во Дизни франшизата Descendants, се свршиле по две години врска. Според магазинот TMZ, парот бил забележан во Сиднеј, Австралија, каде што Камерон на раката носела дијамантен прстен кој предизвика шпекулации за свршувачка.

Фотографиите од парот брзо се проширија на социјалните мрежи. Иако нивните претставници сè уште не дале официјална потврда, извори блиски до парот тврдат дека станува збор за свршувачки прстен.

Камерон (29) и Давид (26) беа видени како шетаат прегрнати низ Сиднеј, насмеани и опуштени. Актерката носеше елегантен црн капут и бела кошула, додека Давид беше во полежерна црна комбинација.

Овој месец Дав Камерон ја прослави втората годишнина со емотивна објава на Инстаграм, каде што напиша:
„Две најдобри години од мојот живот. Плачам барем еднаш неделно затоа што животот стана толку убав откако си во него. Те сакам на начин што не може да се опише со зборови.“

монискин

Парот ја започна својата романса во 2023 година, кога Камерон беше видена на концерт на Måneskin во Њујорк. Јавноста за првпат дозна за нивната врска во февруари 2024 година, кога заедно се појавија на црвениот тепих на гала вечерта на Клајв Дејвис пред доделувањето на Греми наградите.

Дав Камерон претходно била свршена за колегата Рајан МекКартан, со кого беше во врска од 2013 до 2016 година.