Доналд Трамп за Давос: Строги економски мерки за странските производители
Во видео обраќањето пред учесниците на Светскиот економски форум во Давос, Доналд Трамп ја изрази својата загриженост за економските односи на Соединетите Американски Држави со светот.
Трамп нагласи дека, ако земјите не производат во Америка, ќе се соочат со високи тарифни бариери. Притоа, тој предложи значителни економски мерки кои ќе ја зајакнат домашната индустрија и ќе ја намалат зависноста од странски производи.
Ваквиот пристап на Доналд Трамп е контроверзен… Но го покажува неговиот фокус на заштита на американската економија.
„Она што светот го виде во последните 72 часа не е ништо помалку од револуција на здравиот разум“, рече Трамп преку видео конференција.