Џенифер Лопез со скандалозни секс пози на сцена Видео

СексиСелебрити

Џенифер Лопез со шокантни сексуални изјави на сцена – додека Мегин Кели ја обвинува за упад во територијата на порно ѕвезди. Турнејата на J.Lo добива нова димензија.

Џенифер Лопез повторно го привлече вниманието на светската јавност, но овојпат не поради гласот или гламурозните стајлинзи, туку поради отворените X-реитед сексуални признанија на сцена за време на настапот на Lucca Summer Festival. Пејачката и актерка, која неодамна наполни 56 години, без влакна на јазикот сподели детали од своите интимни навики – и тоа директно пред публиката.

„Ќе бидам искрена со вас – некогаш сум во различно расположение навечер. Не знам за вас, ама јас сум – и понекогаш сакам поцврсто“, изјави Лопез со насмевка, додека публиката вриштеше од возбуда.

Настапот, според објавата на The US Sun, продолжил во истиот дух, со уште посугестивни изјави од Џеј Ло.

„Други денови пак, сум романтична. Палиш свеќи, тивка музика… тогаш сакам полека. Но има и такви денови – можеби зошто е нов период за мене, можеби зошто е лето и топло – кога се чувствувам малку полабава. Сакам брзо. Сте го имале тој порив?“, праша таа, предизвикувајќи нова рунда аплаузи.

Џенифер Лопез, JLo, секс признание, Мегин Кели, скандал, Lucca Summer Festival, X-реитед, This Is Me Now Tour, Up All Night, поп турнеја, сексуалност, шоу-бизнис

Но, не сите беа воодушевени. Конзервативната политичка коментаторка Мегин Кели жестоко ја нападна Џенифер Лопез, обвинувајќи ја дека „се претвора во порно ѕвезда“ и дека нејзините настапи стануваат се поексплицитни – особено имајќи предвид дека Лопез се обидува да го „помлади“ својот имиџ и да фати чекор со поп-пејачки како Дуа Липа и Карди Би.

„Наместо да зрачи со класа и зрелост, таа го избра патот на евтин сензационализам“, коментираше Кели на социјалните мрежи.

Настапот во Лука беше дел од нејзината турнеја “This Is Me… Now: The Tour”, именувана по нејзината нова песна Up All Night, во која Лопез пее за прекинување на врска и самодоверба по разделба:

„Цела ноќ сум будна, играм со некој, живеам најдобро што знам. Сигурно жалиш што не си до мене.“