ИстражувањеЉубов и Секс

Дали треба да останете пријатели со бившиот партнер?

Кога ќе заврши една врска, често се појавува дилемата – Дали да останете пријатели со бившиот партнер? Иако ова може да изгледа како знак на зрелост, реалноста е дека ваквото пријателство не секогаш е во ваша корист.

srekjna-dvojka-srekjen-par-razdelba-raskinuva-ljubov-vrska-dechko-devojka

Зошто пријателството со бившиот партнер не е секогаш добра идеја?

Според лиценцираната брачна и семејна терапевтка Џен Ман, ако немате заеднички деца, не постои реална причина да форсирате пријателски однос со поранешниот партнер. Ова не значи дека пријателството е невозможно, но пред сè, треба да ги преиспитате вашите вистински мотиви.

Ако сакате да останете пријатели бидејќи сè уште не сте го преболеле раскинувањето и се надевате на втора шанса, тогаш ваквиот однос само ќе ве спречи да продолжите понатаму во животот.

Осамена личност (маж/дечко/момче) размислува по раскинување љубовна врска

Знаци дека пријателството со бившиот партнер може да биде проблем

1. Сè уште сте емотивно врзани

По раскинувањето, клучно е да поставите јасни граници. Прекинот на контактот може да ви помогне во процесот на емоционално закрепнување и да ви даде време да стекнете нова перспектива. Ако не можете да се одвоите од поранешниот партнер, тоа значи дека сè уште не сте подготвени за пријателство.

2. Еден од вас сè уште има чувства

Во повеќето случаи, едната страна повеќе сакала да ја прекине врската отколку другата. Ако уште имате романтични чувства и се трудите да изгледате привлечно пред бившиот на вашите „пријателски“ средби, тогаш тоа не е вистинско пријателство.

razocharan-partner-dvojka-par-ljubov-vrska-raskinuva-dechko-devojka

3. Сексуалната хемија не исчезнала

Физичката привлечност не исчезнува веднаш по раскинувањето. Ако меѓу вас постои сексуална тензија, тешко е да се одржи чисто пријателски однос. Ова може да ве доведе до комплицирани и емотивно исцрпувачки ситуации.

4. Го блокирате својот емоционален напредок

Ако вашите емоционални потреби и понатаму ги задоволува бившиот, помалку е веројатно дека ќе се отворите за нова врска. Потенцијалните партнери може да бидат вознемирени од фактот дека сеуште сте блиски со поранешниот партнер, што може да ја саботира вашата шанса за здрава нова љубовна врска.

5. Контролирање на љубовниот живот на бившиот партнер

Останувате во контакт со бившиот за да го следите неговиот љубовен живот? Доколку давате „совети“ за тоа со кого треба или не треба да излегува, тоа не е пријателство, туку суптилен обид за контрола. Наместо тоа, фокусирајте се на својот живот.

dechko-chovek-mazh-momche-shpionira-shpiunira-ljubov-vrska-partner-devojka-demne

6. Пријателството изгледа како утешна награда

Ако вашата врска започнала како романтична, враќањето на пријателско ниво може да биде тешко. Истражувањата покажуваат дека колку поголема била романтичната привлечност во врската, толку е помала веројатноста дека пријателството ќе биде квалитетно.

Дали да останете пријатели?

Останувањето во пријателски однос со бившиот партнер може да звучи како зрел и разумен избор, но често носи повеќе компликации отколку придобивки. Наместо да се држите за минатото, фокусирајте се на својот личен развој и отворете се за нови можности во животот.

devojka-lichnost-prodolzuva-zhivot-raskinuva-ljubov-vrska-partner