Ана Николиќ повторно шокира
„По жестоките закани до Рале, Ана Николиќ објави контроверзно видео во гаража што предизвика силни реакции.“
Пејачката Ана Николиќ повторно предизвика големо внимание со нова објава на социјалните мрежи. Во провокативна облека, таа сними видео додека чекори низ гаража, позирајќи во црн, чипкан комплет. Во еден момент, во знак на „жар“, го фрли сакото на под, а потоа се сопна и за малку ќе паднеше, што дополнително ја запали атмосферата меѓу нејзините следбеници.
Видеото доаѓа непосредно по нејзината јавна експлозија кон композиторот Горан Ратковиќ – Рале, со кого имаше турбулентен однос. Николиќ го обвини дека ѝ направил сериозни проблеми, дека барал пари и дека ѝ го уништил концертот.
View this post on Instagram
„Сега одиме во војна, готово, крај! Ова ми направи проблем, бара пари. Упропастил концерт, денес немам пари, пијана сум. Ќе му ги скршам сите прсти и целиот студио од 100.000 евра. Вечерва се решава сè!“, изјави Николиќ.
Оваа драматична комбинација од видео-перформанс во гаража и јавни закани ја стави Ана повторно во центарот на вниманието, поттикнувајќи бројни реакции и дебати околу нејзиното однесување.


