Дончиќ пцуеше по судиите и покажа дека биле поткупени
Словенската кошаркарска репрезентација го заврши настапот на Евробаскетот со пораз во четвртфиналето од Германија со резултат 99:91.
Иако екипата на Александар Секулиќ пружи силен отпор и се бореше до самиот крај, на крајот мораше да им честита на Германците, делумно поради контроверзните судиски одлуки кои предизвикаа многу реакции, особено од Лука Дончиќ.
Уште од самиот почеток на турнирот беше јасно дека Дончиќ ќе биде клучна фигура во својата репрезентација, а тоа го потврди и синоќа со импресивни 39 поени, десет скока и седум асистенции. Сепак, она што значително влијаеше на текот на играта беше начинот на кој судиите се однесуваа кон словенската ѕвезда.
Тој многу рано заработи техничка грешка, а веќе во третата четвртина имаше четири лични грешки, што го принуди да биде многу повнимателен во остатокот од натпреварот. Во моментите кога Словенија се обидуваше да се врати во игра, Дончиќ мораше да игра со „кочница“, што секако работеше во корист на противничкиот тим.
Само четири секунди пред крајот на натпреварот, камерите јасно го снимија моментот кога Дончиќ, на јазик, разблрлив за нас, ја пцуе мајката на судиите, изразувајќи го на многу директен начин своето незадоволство од третманот што го доби во текот на целиот натпревар.
Без оглед на испаѓањето, Дончиќ уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите кошаркари на денешницата, но мораше да го заврши своето патување на Европското првенство во полуфиналето.