Лишен од слобода лихвар од Скопје

ВестиМакедонија

Лишен од слобода лихвар од Скопје,му позајмил пари потоа му барал висока камата!

На 10.09.2025 во 15:00 во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Ј.(41) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик. Според пријавеното, во јануари 2025 година, Ј.А.(41) од Скопје зел 4.500 евра од М.Ј., кои му биле потребни за операција на неговата мајка. Исто така, според пријавеното, во февруари 2025 година, М.Ј. побарал од Ј.А. да му ги врати парите, но тој немал да му ги врати, по што во повеќе наврати М.Ј. барал од Ј.А. да му дава камата од 36.000 денари за дадената сума.

Како што е пријавено, на 09.09..2025 тие се сретнале, при што М.Ј. му покажал тефтерче на А.Ј. во кое била наведена сумата која му ја должи, а во кое биле запишани и други негови должници.
Со судска наредба извршен е претрес во домот на М.Ј., при што се пронајдени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делото. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена содветна пријава.