Девојка со автомобил тешко повредила пензионерка

ВестиМакедонија

Девојка со својот автомобил, удрила во пензионерка и тешко ја повредила!

Настанот се случил вчера претпладне во Прилеп, кога млада девојка од Прилепско со својот автомобил, тешко повредила 71 годишна пензионерка од Прилеп.

Како што соопштуваат од МВР: „На 09.09.2025 во 10:40 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул„Сотка Ѓорѓиоски“ во Прилеп, при влез за катна гаража, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 24-годишната Ј.Д. од с.Дрен, прилепско, удрило во 71-годишната Н.Г. oд Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Н.Г., констатирани во Градската општа болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп“.