Овие намирници вашето куче никогаш не смее да ги јаде
Најопасни намирници за вашето куче кои скоро никогаш не смеете да ги применувате во неговата исхрана.
Сопствениците на кучиња често сакаат да ги почастат своите миленици со остатоци од храна или посластици, но некои намирници кои се безопасни за луѓето можат да бидат сериозно опасни за кучињата. Експертите од британскиот центар за спасување Battersea Dogs & Cats Home ги наведуваат најризичните намирници кои никогаш не треба да им се даваат на домашните миленици.
Battersea Dogs & Cats Home е еден од најстарите и најреномираните центри за спасување животни во Велика Британија, основан во Лондон во 1860 година. Според нив, намирниците што можат да предизвикаат сериозни здравствени проблеми кај кучињата вклучуваат:
1. Кромид, лук и власец
Овие растителни намирници се токсични за кучињата. Може да предизвикаат оштетување на црвените крвни зрнца, анемија или иритација на дигестивниот систем. Дури и мала количина може да биде штетна, особено ако се редовно внесува.
2. Чоколадо
Чоколадото содржи теобромин, кој е опасен за кучешкиот организам. Конзумирањето чоколадо може да доведе до повраќање, дијареја, откажување на бубрезите и, во најтешки случаи, смрт. Темното чоколадо и чоколадото со висока концентрација на какао се најризични.
3. Макадамија ореви
Овие ореви се токсични за кучињата и можат да предизвикаат оток, слабост на мускулите и проблеми со централниот нервен систем. Симптомите може да се појават брзо по внесувањето.
4. Авокадо
Авокадото содржи персин, кој кај кучињата предизвикува повраќање и дијареја. Персинот е присутен во месото, семката и кожата, па сопствениците мора да внимаваат кучето да нема пристап до овие делови.
5. Пченка на кочан
Иако зрното од пченка може да се свари, кочанот претставува голем ризик. Ако кучето го изеде, може да предизвика болна интестинална опструкција, што е опасно по живот.
6. Зготвени коски
Зготвените коски лесно се кршат и можат да предизвикаат запек или перфорација на цревата. Ова е сериозен ризик за здравјето и животот на кучето, па експертите категорично ги советуваат љубителите на кучиња, да избегнуваат варени коски во исхраната на нивните миленици.