Јокиќ неверојатен: 36 поени и само две промашувања

КошаркаСпорт

„Никола Јокиќ блеска со 36 поени и 87,5% шут во доминацијата на Денвер над Сакраменто.“

Никола Јокиќ продолжува да игра како да е на домашен терен. Српскиот ас одигра уште една монструозна ноќ за Денвер Нагетс, кои го разбија Сакраменто со 136:101.



За само 29 минути, Јокиќ уфрли 36 поени, имаше 12 скокови и 8 асистенции, а шутерски практично не згреши:

  • 14/16 од игра (87,5%)

  • 12/14 за два

  • 2/2 за три

  • 6/8 слободни фрлања

Игриво, прецизно, ефикасно – MVP режим.

Пејтон Вотсон додаде 21 поен за Денвер, додека кај Сакраменто најдобри беа Малик Монк со 18 и Расел Вестбрук со 17 поени.

Со ова, Денвер стигна до 18. победа сезонава (18-6) и се држи високо на табелата на Западот. Сакраменто, пак, тоне со 6-19 и моментално е на 14. место.



Резултати од синоќа:

  • Хјустон – LA Клиперс 115:113

  • Милвоки – Бостон 116:101

  • Њу Орлеанс – Портланд 143:120

  • Сакраменто – Денвер 101:136