Њоки во Сос од Домати и Пармезан
Направете брз оброк од Њоки во сос од Домати и Пармезан…
Гответе, зачинете, ставете во рерна и оставете да се растопи кашкавалот. Дали ручекот би можел да биде побрз?
За овоj Рецепт (за 4 лица) е потребно:
- 500 Kнедли
- 400 грама Пелати
- 50 мл Доматно Пире
- 1 Кромид
- 2 лажици Маслиново Масло
- 130 гр Моцарела
- 50 гр Пармезан
- 2 чешниња Лук
- Босилек
Подготовка:
- Гответе ги њоките
Гответе ги њоките според упатството на кесичката, па исцедете ги. - Пропржете ги кромидот и лукот
Во длабока тава на загреано маслиново масло кратко продинстајте ги ситно сечканиот кромид и лукот. - Додадете ги излупените и исчистените домати
Потоа во тавата додадете ги излупените домати кои претходно сте ги исечкале на помали парчиња и пасираните домати.
Промешајте и варете 15 минути. - Додадете ги њоките
Потоа во сосот додадете ги сварените њоки и сечканиот босилек, измешајте и сè заедно префрлете во огноотпорен сад. - Додадете сирење
Одозгора наредете исечена моцарела и пармезан.
Ставете го на шпоретот
Подготвените њоки ставете ги во загреана рерна на 200 степени 15 минути.