среда, јануари 15, 2025

Француска Салата

Француска Салата – Кралица на секоја празнична трпеза е секако некоја верзија на оваа салата.

Има различни варијации на оваа салата, а ние се одлучивме за верзијата со сок од јаболко и Лимон за малку поинтензивен, но и освежителен вкус.

Може да се јаде и без, но сепак добра е и со Шунка или нешто потпечено. Прилагодете ги состојките по ваш вкус и уживајте.

За овој Рецепт (за 8 порции) е потребно:

  • 450gr Грашок (замрзнат)
  • 400gr Компири (варени во кора)
  • 400gr Моркови
  • 200gr Кисели Краставички
  • 400gr Мајонез
  • 100gr Милерам
  • 1 лажица Сенф
  • 3 Јајца (тврдо варени)
  • Сол (по вкус)
  • Бел Пипер (по вкус)

Подготовка

  • Подгответе го зеленчукот и јајцата
    Зеленчукот и тврдо варените јајца исчистете ги и исечкајте ги на коцки.
  • Гответе
    Истурете вода во тенџере, додадете исечени моркови, грашок, сол по вкус и почекајте водата да зоврие. После тоа, варете уште 8 до 10 минути.
  • Измешајте ги состојките
    Во поголем сад ставете го мајонезот, додадете ги сенфот, ренот и убаво измешајте.
  • Направете ја француската салата и оладете ја
    Варениот зеленчук исцедете го и додајте го во смесата со мајонез, заедно со исечените јајца, краставици и компири.
    Додадете сол и бибер по вкус.
    Нежно измешајте и ставете во фрижидер да се излади добро.
Сподели!