Физичарите развија совршен рецепт за познатото италијанско јадење со тестенини
Мал тим физичари од Институтот Max Planck, заедно со колега од Универзитетот во Барселона и уште еден од австрискиот институт за наука и технологија, развија „непогрешлив“ рецепт за познатото италијанско јадење, кацио е пепе.
Преку нивното истражување, тие сакале да откријат кои фактори можат да доведат до непосакуваната „фаза на моцарела“ при подготовка на јадење и како да ја избегнат.
- Cacio e pepe е познато италијанско јадење со тестенини кое има само три состојки – тестенини, пекорино сирење и црн пипер. Има и четврта состојка, водата, а ова јадење речиси секогаш се прави со шпагети.
- Како да го направите совршениот Кацио и пепе?
Правењето кацио и пепе треба да биде едноставно. Најпрво се варат тестенините, се вадат од водата, па се додава рендано сирење, малку вода за готвење и се додава црн пипер.
Трикот е да се најде вистинската комбинација на топла вода (со соодветна количина на остатоци од скроб) и сирење. Ако не се прави правилно, се развива урда (која тимот физичари ја опишуваат како „фаза на моцарела“), така што тој процес го уништува добиениот производ.