среда, јануари 15, 2025

Триаголници со Сирење и Спанаќ

Триаголници со Сирење и Спанаќ или Лиснато тесто – Кифлички  со Сирење и Спанаќ. Кога имате неочекувани гости или кога вашето семејство сака доцна вечера, па дури и појадок, солените триаголници со сирење и спанаќ се идеалното решение.

Многу брзо се подготвуваат, а толку многу се вкусни, што за кратко време ќе исчезнат од вашата трпеза.

За овој Рецепт (за 6 лица) е потребно:

  • 1 пакување кора од Штрудла
  • 500gr свежо Сирење
  • 2 Јајца
  • 250gr Бебешки Спанаќ
  • 2 лажици Павлака, Топено Сирење или Кисело Млеко
  • Сол
Лиснато тесто со Сирење и Спанаќ
Лиснато тесто со Сирење и Спанаќ во форма на Триаголник

Подготовка

Подгответе го спанаќот.

  • Измијте го спанаќот, бланширајте го кратко и ситно исечкајте го.

Направете го филот со сирење

  • Во еден сад измешајте ги сирењето, јајцата, солта и павлаката, внимавајте смесата да не е премногу ретка за да не се излее кога ќе ја истурите врз кората.
  • Додадете го сечканиот спанаќ и измешајте.

Подгответе ги готовите кори

  • Ставете еден лист кора на работната плоча и премачкајте го со мешавина од вода и масло.
  • Преклопете го на половина по должина, повторно премачкајте и повторно преклопете го по должина.
  • Потоа премачкајте го од двете страни.

Наполнете со смесата и формирајте триаголник.

  • Нанесете тенок слој од смесата со сирење по целата должина на кората, посипете со мешавина од вода и масло и виткајте така што ќе го земете левиот крај од кората и ќе започнете со цик-цак превиткување или ролање на десно, па повторно на лево. … и така натаму додека не стигнете до крајот.

Постапката повторете ја со останатите кори

  • Постапката повторете ја додека не ги потрошите подготвените состојки.
  • Наредете ги триаголниците на плех кој претходно сте го обложиле со мрсна хартија.

Ставете го на шпоретот

  • Печете ги триаголниците со сирење во загреана рерна на 180 степени 35-40 минути.
Сподели!