среда, јануари 15, 2025

Табуле – Tabbouleh

Табуле или Табулех е светски позната салата од Либан, сигурно ќе биде и една од омилените порции здрава харана во вашето мени.

За овој Рецепт е потребно:

  • 100gr Булгур
  • 1 Краставица
  • 1 Домат
  • 3 китки Магдонос
  • 1 Кромид
  • Маслиново Масло
  • 1 чешне лук
  • 2 лажици Сок од Лимон
  • сол, бибер
  • 1 китка сечкано свежо Нане

Подготовка:

  • Сварете го булгурот
    Гответе го булгурот додека не омекне според упатствата на пакувањето. Исцедете го вишокот вода и оставете да се излади.
    Краставицата и доматите исечкајте ги
    Во меѓувреме измешајте ја краставицата исечкана на коцки и исечканиот домат со ½ лажичка сол.
    Промешајте и оставете ја смесата да отстои најмалку 10 минути или додека не сте подготвени да ја измешате салатата.
  • Исечкајте поголема количина свеж Магдонос
    За да подготвите магдонос, исечете ги густите стебла.
    Потоа ситно исечкајте го магдоносот и преостанатите стебла – тоа можете да го направите со рака, но многу е полесно во процесор за храна.
  • Соединете ги состојките и добро измешајте
    Во сад со магдонос додајте изладен булгур, сечкано свежо нане и зелен кромид.
    Процедете ги и фрлете ги сокот од краставица и домати кои се насобрале на дното од садот (ова осигурува дека табулето не е премногу водено).
    Во садот додајте ги цедената краставица и доматот.
  • Зачинете ја салатата
    Додадете маслиново масло, сол, бибер, сок од лимон и сечкано чешне лук. Добро измешајте сè заедно.
  • Изладете и послужете
    Оставете ја салатата да отстои 15 минути пред да ја послужите за да се спојат вкусовите.
    Во спротивно, можете да го послужите веднаш или да го ставите во фрижидер за подоцна.
    Табулех или Табуле може да се чува во фрижидер, покриено, до 4 дена.
Сподели!