Сируп за Грло од Мед и Лимон
Сируп за Грло од Мед и Лимон. Овој рецепт за сируп од Мед и Лимон е толку едноставен, така што, нема ни потреба да се подготвува.
Сирупот можете да го пиете повеќе пати во текот на еден ден, се консумира по 1 или 2 кафени лажички на едно пиење. Состојките се измерени за 18 дози, односно, 18 кафени лажички.
За овој Рецепт е потребно:
- 1 лимон (исцеден)
- 1 лажица Маслиново Масло
- 2 лажици Мед
Подготовка:
- Измешајте ги состојките.
Добро измешајте ги сите состојки во стаклен сад, но – немојте да мешате со блендер или миксер. - Истурете во тегла.
Сирупот истурете го во стаклено шише или тегла со капак.
Овој Сируп или препарат чувајте го на ниска температура или во фрижидер.
Најдобро време за да го употребувате е во рок од 2 месеци.