петок, јануари 17, 2025

По долга пауза, Камерон Дијаз блесна на премиерата на филмот „Back in Action“

По долга пауза американската актерка Камерон Дијаз повторно се појави на црвениот тепих по десетгодишна пауза. Имено, таа присуствуваше на премиерата на нејзиниот најнов филм „Back in Action“ во Берлин, во кој глуми покрај Џејми Фокс.

За оваа пригода Камерон Дијаз избра елегантен црн аутфит. Таа носеше проѕирна црна маичка, широки фармерки, впечатливо долго палто, додека комбинацијата ја комплетираше со црни чевли.

Нејзината шминка беше едноставна, а црвениот кармин дополнително го истакна нејзиниот софистициран изглед.

Таа на премиерата позираше со насмевка, а друштво и правеше Џејми Фокс кој беше облечен во црн костум со бели детали. Оваа премиера го означува нејзиното враќање на големото платно по повеќе од десет години.

Последниот филм во кој глумеше беше „Ени“ во 2014 година, а последен пат беше присутна на црвениот тепих во 2019 година, кога и даде поддршка на колешката Луси Лиу, која тогаш доби ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.

Иако не глумеше во филмови по 2014 година, Камерон објави дека се повлекува од актерството во 2018 година. Оттогаш таа се посвети на семејството, сопругот Бенџи Маден и нивните деца, а приватноста и стана приоритет.

Фото: Ројтерс

Во едно интервју таа изјави дека смета дека е важно да направи пауза од кариерата за да се посвети на живот настрана од рефлекторите.

“Почувствував дека морам да го сторам тоа за да си го вратам сопствениот живот. Не ми е гајле за ништо друго, само за моето семејство”, рече таа.

Но, иако се повлече од филмскиот свет, Камерон Дијаз реши да се врати во акција на покана на нејзиниот драг пријател Џејми Фокс. Ја контактирал и ја замолил да се приклучи на актерската екипа на филмот „Back in Action“.

“Како да му кажам не на Џејми Фокс? Ако има некој за кој би се вратила и би поминала неколку месеци на снимање, тоа е Џејми.”

– Рекла Камерон Дијаз, нагласувајќи колку е важно нивното пријателство.

Така, по долга пауза, Камерон Дијаз се врати на големото платно, а нејзините обожаватели секако со нетрпение го очекуваат нејзиното враќање во филмската индустрија.

Сподели!