четврток, јануари 16, 2025

Печени топчести ќофтиња со кашкавал

Печени топчести ќофтиња со кашкавал е јадење по кое сите ќе си ги излижат чиниите, а Американците често го прават за вечера.

Супер едноставни и сочни ќофтиња печени во рерна со доматен сос и кашкавал или топено сирење! Послужете со тестенини од тиквички или пире од компири.

За овој Рецепт (за 7 лица) е потребно:

  • 1kg мелено Свинско или Говедско месо (или мешавина)
  • 230gr рендана Моцарела
  • 45gr рендан Пармезан
  • 1 Јајце
  • 250gr Доматно Пире
  • 230gr рендана Моцарела за посипување
  • Свеж Босилек или Магдонос за сервирање

Подготовка:

Загрејте ја рерната.
Загрејте ја рерната на 200°C.

Соединете ги состојките.
Во поголем сад измешајте ги меленото месо, моцарелата, пармезанот и јајцето. Садот за печење лесно премачкајте го со масло. Земете голема лажица од смесата, обликувајте топчиња и ставете ја во сад за печење.

Печете
Печете 15-20 минути, додека не се сварат топчињата. Се вади од рерна, се прелива со доматниот сос и се посипува со моцарела. Печете уште 5-10 минути додека не се растопи кашкавалот.

Послужете.
Украсете со свеж Mагдонос или Bосилек и послужете.

Сподели!