четврток, јануари 16, 2025

Дали рчењето кај бебињата е нормално или знак на загриженост

Дали рчењето кај бебињата е нормално или знак на загриженост? Еве кога треба да побарате помош.

Новороденчињата често прават различни звуци додека спијат или дишат, а еден од тие звуци може да биде и ‘рчењето.

Ова е сосема нормално, бидејќи бебињата имаат мали, тесни назални пасуси и дишни патишта кои често се полни со слуз, секрет, па дури и млеко. Кога воздухот минува низ овие секрети, може да произведе звуци слични на ‘рчењето.
Бебињата обично претпочитаат да дишат преку нос, што им овозможува да дишат и да дојат во исто време. Ова е природен механизам кој му помага на бебето да добие сила и енергија.

Меѓутоа, ако забележите подолги паузи помеѓу вдишувањата на вашето бебе, тоа може да укаже на посериозен проблем. Иако ретко, ‘рчењето може да биде знак за нешто посериозно, како што се абнормалности во носот или дишните патишта, зголемени крајници или аденоиди, што може да доведе до апнеја при спиење. Апнеја при спиење обично се манифестира како гласно ‘рчење со долги паузи во дишењето.

Некои деца се раѓаат со лабави горните дишни патишта и неразвиена ‘рскавица, што може да доведе до отежнато дишење. Во такви случаи, воздухот минува низ душникот и гркланот, предизвикувајќи дополнителни звуци на дишење.

Понекогаш ‘рчењето може да биде резултат на затнат нос, настинка или алергии, што обично не е сериозен проблем. Меѓутоа, ако забележите какви било невообичаени знаци или имате какви било сомнежи за апнеја, посетата на педијатар е секогаш добра идеја.

Снимањето на звуците на ‘рчењето на вашето бебе може да му помогне на лекарот подобро да ја разбере ситуацијата и да даде соодветни совети.

Сподели!