Дали Илон Маск ќе го преземе TikTok во САД?
Дали Илон Маск ќе го преземе TikTok во САД? Само една работа би можела да ја реши одлуката.
А таа работа е да го купи TikTok од кинезите. Кинеските власти ја проценуваат опцијата според која Илон Маск може да ги преземе операциите на TikTok во САД.
Претставниците на Пекинг силно претпочитаат TikTok да остане во сопственост на матичната ByteDance Ltd., а компанијата ја оспорува претстојната забрана во САД со жалба до Врховниот суд на САД.
Но, судиите сигнализираа дека најверојатно ќе поддржат закон за забрана на оваа апликација во САД.
За потсетување, забраната на TitTok во САД ќе стапи на сила на 19-ти Јануари, освен ако Врховниот суд не ја поништи одлуката. Ако сопственикот на TikTok, ByteDance Ltd, ја продаде апликацијата на некој надвор од Кина, таа ќе може да избегне забрана во САД.
Високи кинески функционери веќе почнаа да разговараат за плановите за вонредни ситуации за TikTok како дел од дискусиите за тоа како да работат со администрацијата на Доналд Трамп, а еден од нив го вклучува и вмешаноста на Маск.
Маск потроши повеќе од 250 милиони долари за поддршка на реизборот на Трамп и беше избран за истакната улога во подобрувањето на владината ефикасност.
Според едно сценарио за кое разговараше кинеската влада, Маск икс ќе ја преземе контролата врз TikTok US и ќе го води бизнисот заедно.
Маск, исто така, основаше посебна компанија за вештачка интелигенција – xAI која може да има корист од огромната количина на податоци генерирани од TikTok.
Кинеските власти допрва треба да постигнат цврст консензус за тоа како да се продолжи, а нивните размислувања сè уште се прелиминарни.
Според едно сценарио, Musk’s X ќе ја преземе контролата врз TikTok US и ќе ги води двата бизниси заедно, велат изворите.
TikTok, со повеќе од 170 милиони корисници во САД, може да ги зголеми напорите на X да привлече огласувачи.
Се проценува дека американскиот бизнис на TikTok би можел да вреди околу 40 до 50 милијарди долари. Репутацијата на Маск во Кина и искуството на водење на Tesla, која има голема фабрика во Шангај, би можеле да бидат клучни во преговорите, пишува Bloomberg.