Вргањ во Путер со широки Шпагети
Направете брз, здрав и вкусен оброк од Вргањ во Путер со широки Шпагети, односно, тестенини и учивајте.
Искористете ја сезоната на свежи печурки и подгответе вкусен ручек кој е готов за само 15 минути.
За овој Рецепт (за 4 лица) е потребно:
- 500gr широки тестенини или Шпагети
- 300gr свежи печурки од класата Вргањ
- 40gr Путер
- 100ml Крем за Готвење
- 1 лажичка Суво Оригано
- 2 лажици Маслиново Масло
- Сол
- Бибер
Подготовка:
- Исчистете ги печурките Вргањ
Со кујнска четка исчистете ги од земја Вргањ печурките, па исечкајте ги на кришки од најмалку 2cm. - Гответе ги тестенините – шпагетите
Широките нудли, односно, Шпагети или тестенини сварете ги според упатството на кесичката. - Спремете го вргањот
Во тавче ставете го путерот и кога ќе се растопи додадете ги маслиновото масло и исечканите Вргањ печурки како кришки.
Промешајте и динстајте на средна топлина околу 3-5 минути.
Додадете го кремот за готвење, зачинете и кратко проварете. - Додадете тестенини
Сварените широки тестенини – Шпагети додајте ги во тавата со приготвените печурки, измешајте.
Послужете додека е топол вргањот, за да го наросите со малку Пармезан и декорирајте со свежо Нане или Магдонос.