Претепано девојче на возраст од 13 години во Радовиш
Тринаесетгодишно девојче од радовишко, заврши во болница откако била претепана.
Девојчето завршило во болница, со повреди на телото, откако била претепана од сопствениот татко и брат.
– На 20.07.2025 година во 04.25 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишиле од слобода И.А.(46) и А.А.(21) од радовишко село , а по претходна пријава на лекар од Итната медицинска помош на Радовиш дека кај нив за укажување на лекарска помош се јавила тринаесетгодишна малолетничка од радовишко, која имала повреди на телото, кои што, по нејзино укажување и биле нанесени од нејзиниот татко И.А. и нејзиниот брат А.А., соопштија од полицијата.
По пријавата, која била поднесена од докторката во болницата, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш ги лишиле од слобода двете лица.
За случајот веднаш бил известен јавен обвинител од ОЈО Струмица, а разговор со малолетната жртва извршил стручен работник од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Радовиш.
Полицијата информира дека се работи на целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветна кривична пријава против осомничените.