Топлината влијае и на кондомите, пазите каде ги чувате да не се оштетат
Директна сончева светлина, влага и високи температури може сериозно да го оштетат кондомот и да го направат неефикасен — а тоа значи ризик од непланирана бременост и полово преносливи болести.
Во летниот период кога телата се загреани, а страстите разбудени, сигурниот секс треба да биде приоритет. Но, ако ги носиш кондомите на несоодветни места, можеш повеќе да направиш проблем отколку заштита.
❌ Каде не треба да ги чуваш кондомите:
Паричник — изгледа практично, но е премногу топло и влажно место.
Џебови — постојано движење, телесна температура и пот ја оштетуваат амбалажата.
Автомобил — буквално печка во лето.
Бања — влагата и променливите температури го расипуваат латексот.

✅ Каде е безбедно да се чуваат?
Темно и суво место: Најдобро место е ормар во спалната соба.
Футрола за кондоми: Постојат специјални, дискретни футроли што ги штитат и ти помагаат да го следиш рокот.
Иновативни решенија: Некои користат кутивчиња за наочари, несесери или дури и ѓердани со држачи за кондоми (да и тоа постои).
⚠️ Внимавај на остри предмети!
Ако ги чуваш во несесер, внимавај да не се наоѓаат покрај ножички, пинцети или штипки — тие лесно можат да ја оштетат амбалажата и самиот кондом.
📅 Проверувај го рокот на употреба
Секој кондом има рок. Ако е поминат рокот, латексот станува поранлив и лесно може да пукне. Пред употреба, погледни го датумот што се наоѓа на фолијата и картонската кутија.
🦷 Не ги отворај со заби!
Звучи секси како во филмовите, ама реалноста е поинаква. Отворањето со заби или ножици може да направи микрооштетувања. Најдобар начин е нежно со прстите, преку назабениот раб.
Сигурниот секс не е случајност, туку одлука.
Се’ што ти треба е правилно чување и внимателна употреба на кондомот. Немој да дозволиш лоша локација или истечен рок да ти ги расипат и вечерта, здравјето и животот.