Исчезнат е штипјанецот Владимир Бурев

Вести

Мајката Благица Бурева, очајно си го бара својот син. Од вчера рано наутро се трага по штипјанецот Владимир Бурев. Според информациите од семејството, не му се знае трагата од 12ти јуни, околу 4 часот наутро.

Владимир Бурев
Владимир Бурев

Објавата на мајката на социјалните мрежи гласи:

  • Мојот Владимир замина вчера рано наутро, ве молам за секаква информација. БЛАГОДАРАМ споделете.

Владимир има 36 години, висок и облечен во црни тренерки. Апел до секој кој има било каква информација, да се обрати во најблиската полициска станица или да контактира некој од неговото семејство, се наведува во апелот кој се шири на социјалните мрежи.