Земјотрес од 4,6 степени почувствуван во Скопје и северозападниот регион
Земјотрес со јачина од околу 4,6 степени според Рихтеровата скала е почувствуван во Скопје, Тетово и северозападниот регион. Нема информации за штети.
Земјотрес со јачина од околу 4,6 степени според Рихтеровата скала вечерва беше почувствуван во Скопје и поширокиот северозападен дел на државата.
Според првичните информации, потресот е регистриран нешто по 22:05 часот по локално време. Епицентарот се наоѓа во пограничниот регион меѓу Македонија и Косово, приближно 20 километри југозападно од Тетово, односно околу 23 километри југоисточно од Призрен.
Земјотресот бил почувствуван и во Тетово, Гостивар, како и во делови од Скопје, каде граѓаните пријавуваат краткотрајно, но јасно тресење на објектите.
Од надлежните сеизмолошки служби информираат дека сеизмичките параметри сè уште се предмет на дополнителна анализа и дека официјалната потврда за точната магнитуда и длабочина ќе следува во текот на ноќта.
Засега нема информации за материјални штети или повредени лица, а надлежните институции ја следат состојбата.
#Earthquake (#земјотрес) possibly felt 19 sec ago in #RepublicofNorthMacedonia. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/qZHwpGNYA2— EMSC (@LastQuake) February 10, 2026









