Здрави мафини без брашно и рафиниран шеќер
Овие мафини се подготвуваат без класично брашно и индустриски шеќер, а слаткиот вкус го добиваат од овошје и мед. Комбинацијата од овес, банана и јаболко создава хранлив и лесен десерт погоден за секојдневна консумација.
Природно слатка алтернатива за класични колачи
Во услови кога сè повеќе луѓе се обидуваат да го ограничат внесот на рафиниран шеќер и бело брашно, домашните десерти со природни состојки стануваат сè попопуларни. Мафините подготвени со овесни снегулки, овошје и јаткасти плодови претставуваат балансирана варијанта која обезбедува енергија, а притоа не создава чувство на тежина по оброкот.
Овој рецепт е наменет за сите кои сакаат слатко, но избегнуваат индустриски засладувачи и преработени состојки. Наместо класично брашно се користат мелени овесни снегулки, додека бананата, јаболкото и медот ја заменуваат улогата на шеќерот.
За ово Рецепт е потребно:
- 2 јајца
- 150 г мелени овесни снегулки
- 1 зрела банана
- 1 морков
- 1 јаболко
- 30 г ореви
- 30 г суво грозје
- 1 лажица екстракт од ванила
- 60 мл масло
- 1 лажица прашок за пециво
- ½ лажица сода бикарбона
- ½ лажица цимет
- прстофат мелен ѓумбир
- прстофат сол
- 1 лажица мед
- овесни снегулки за посипување
Начин на подготовка
Во подлабок сад се матат јајцата, по што се додава испасираната банана, медот и екстрактот од ванила. Во смесата се додава сок од половина портокал, заедно со солта, прашокот за пециво, содата бикарбона и зачините.
Потоа се додава маслото и ситно ренданиот морков, а смесата се меша додека состојките не се изедначат. Мелените овесни снегулки се додаваат постепено, со постојано мешање, за да се добие компактна и мазна текстура.
Сувото грозје може претходно кратко да се натопи во вода за да омекне, а потоа заедно со ситно сечканите ореви се додава во смесата. Сè се промешува рамномерно за да се распоредат состојките.
Подготвената маса се истура во калапи за мафини или во еден калап доколку се пече како колач. Одозгора се посипуваат неколку овесни снегулки. Печењето се врши во претходно загреана рерна на 180 степени, во времетраење од 25 до 30 минути, додека мафините не добијат златно-кафеава боја и цврстина на допир.
Зошто овој рецепт е добар избор
Мафините подготвени на овој начин содржат сложени јаглехидрати од овесот, природни шеќери од овошјето и здрави масти од оревите. Тие се соодветни како појадок, ужина или десерт, без потреба од дополнителни индустриски засладувачи.
Со минимални измени во класичниот рецепт, се добива здрава варијанта која ги задоволува потребите и на оние што внимаваат на исхраната, и на оние што сакаат домашни колачи со побогат вкус.









