За Марија Хулиса велат дека го „предала“ Ел Менчо – таа се огласи по гласините

Марија Хулиса е во центарот на гласини дека го „предала“ Ел Менчо на властите. Таа ги демантира тврдењата, додека институциите не откриваат детали за идентитетот на изворот на информациите.

Гласини што од вчера се шират на социјалните мрежи ја ставија во фокус мексиканската инфлуенсерка Марија Хулиса, откако поединечни објави тврдеа дека наводно била во врска со нарко-босот Ел Менчо и дека токму таа им ја открила неговата локација на властите.

Според објавите, станува збор за инфлуенсерка и креаторка на содржини на платформата OnlyFans, која наводно била видена во друштво на водачот на картелот CJNG, неколку часа пред големата полициска операција.

На платформата X беше споделена фотографија за која се тврди дека е „последната фотографија“ од Ел Менчо, направена во ноќен клуб. На неа се гледа маж кој наликува на него и жена за која се посочува дека е Марија Хулиса. Во објавите се инсинуира дека токму таа ги информирала властите за неговото движење.

Сепак, ниту мексиканските ниту американските институции досега официјално не го потврдија идентитетот на лицето кое евентуално помогнало во операцијата. Во соопштенијата се споменува само „емотивна партнерка“, без наведување име.

Која е Марија Хулиса?
Таа потекнува од мексиканската сојузна држава Сонора и е активна најмногу на Инстаграм, каде објавува содржини поврзани со мода, патувања и ноќен живот. До појавата на овие гласини, нејзиното име не било поврзувано со организиран криминал или картели.

Во меѓувреме, таа се огласи и ги демантираше тврдењата, наведувајќи дека не е поврзана со никакви криминални активности и дека фотографијата што кружи на интернет не докажува ништо од она што се пласира.

Автентичноста на фотографијата засега не е независно потврдена, а институциите не излегоа со дополнителни детали.