Вучиќ за здравствената состојба на Ивица Дачиќ: Се молиме за него
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, е хоспитализиран во Клиничкиот центар на Србија и се наоѓа во тешка здравствена состојба. Според официјалните информации, тој е сместен на полуинтензивна нега, приклучен на респиратор и се бори со обострана воспаление на белите дробови.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека состојбата е сериозна, но дека постои надеж благодарение на лекарскиот тим. „Ситуацијата е тешка, но веруваме во лекарите и веруваме во него. Се молиме за него“, изјави Вучиќ пред Клиниката за пулмологија, каде што го посетил заедно со членови на владата.
View this post on Instagram
Лекарот што го лекува Дачиќ соопшти дека тој прима најсилна антибиотска терапија и е ставен на механичка вентилација со цел да му се даде време на организмот да реагира на третманот. Наредните неколку дена ќе бидат клучни за понатамошниот тек на лекувањето.
Дачиќ не присуствуваше на комеморацијата по повод смртта на поранешниот министер за надворешни работи, Владислав Јовановиќ, што дополнително ја потврди сериозноста на неговата здравствена состојба.

