Времето денес, сончево претпладне, попладне променливо облачно
Претпладне сончево со мала до умерена облачност и услови за утринска магла по одделни котлини. Попладне променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен јужен ветер. Во четврток се очекуваат локални врнежи од дожд.
Претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Во Скопје
Претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
📅 Во следните денови
Ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност.
Во четврток се очекуваат повремени локални врнежи од дожд.
Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Максималната темпратура ќе биде 19 степени, а минималната 6.








