Видео! Врсничко насилство во Штип: снимка повторно ја потресе јавноста

Нов случај на врсничко насилство предизвика силни реакции во јавноста, откако на социјалните мрежи се појави вознемирувачка снимка од напад врз малолетно девојче. Случајот повторно ги отвори прашањата за безбедноста на децата и реакцијата на институциите.

Според објавите и информациите што се споделуваат во јавноста, насилството се случило во Штип, а предметот веќе се води пред надлежните институции.

Снимка со насилство врз девојче

На видеото, кое предизвика бурни реакции, се гледа физички напад врз малолетничка. Според тврдењата на адвокатката Маја Ристова, насилството се случувало на повеќе локации во градот.

Таа посочи дека во случајот биле поднесени кривични пријави за „насилство врз дете“ и „неовластено снимање“.

“Ова е врсничко насилство во Штип од пред неколку месеци. – За кривичното дело “Насилство врз дете” обвинителот предложи воспитна мерка “Засилен надзор од страна на ЦСР”, судот процени дека мерката е строга, па изрече “Засилен надзор од страна на родител” (пресмешно).

Предметот е во жалбена постапка. – За кривично дело “Запуштање и малтретирање на дете” беа отфрлени кривичните пријави, за по жалба да биде вратен предметот на повторно одлучување.

Поентатата ми е како институциите гледаат на овој проблем. Слично како со семејното насилство. Изгледа треба да се случи “Рибникар (Србија)”, за да се разбудат, како што се разбудија за семејно насилство по случајот “Ивана и Катја” вели адвокатката во својата објава.

Реакции за институционалниот одговор

Според наведеното, обвинителството предложило воспитна мерка, додека судот одлучил за поблага форма на надзор. Токму ова предизвика критики и дебата на социјалните мрежи околу тоа дали системот реагира доволно сериозно на вакви случаи.

Во јавноста повторно се отвори прашањето за превенцијата на врсничкото насилство и улогата на училиштата, родителите и институциите.

МВР и обвинителството постапуваат

Од Министерство за внатрешни работи по службена должност поднеле кривична пријава против малолетниците инволвирани во случајот.

Постапка се води и против лицата кои ги снимале и споделувале сцените на насилство.

Расте загриженоста за врсничкото насилство

Овој случај доаѓа во период кога јавноста сè почесто реагира на инциденти меѓу малолетници. Експертите предупредуваат дека навремената реакција и психолошката поддршка се клучни за спречување на понатамошни последици.

Психолозите укажуваат дека насилството меѓу деца не смее да се третира како „детска кавга“, туку како сериозен општествен проблем.

Случајот од Штип повторно ја отвори дебатата за тоа колку системот е подготвен да ги заштити децата и дали се потребни построги мерки за спречување на вакви инциденти.