ВИДЕО | „Не се плашам, знам кој нè чува!“Пародија на македонските власти.

Урнебесна пародија на трендот „Не се плашам, знам кој нè чува“ се појави и со македонските власти. Видео со Христијан Мицкоски, Гордана Сиљановска Давкова и други функционери стана хит на социјалните мрежи.

На социјалните мрежи во последните денови се прошири нов тренд кој започна по ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, кога Израел и Соединетите Американски Држави извршија напади врз Иран, а Иран возврати со удари врз цели во неколку земји во регионот.

Во тој контекст, голем број инфлуенсери од Дубаи започнаа да објавуваат видеа со прашањето:
„Не се плашиш ли? Живееш во Дубаи!“

Веднаш потоа следува одговорот:
„Не, затоа што знам кој нè чува.“

Видеата обично се проследени со драматична музика и снимки од државното раководство кое самоуверено чекори, испраќајќи порака на сигурност и стабилност.

Овој тренд, кој потекна од „ТикТок“, брзо се прошири на сите социјални мрежи. Додека едни го прифатија сериозно, други решија да го претворат во пародија.

Токму така настана и едно видео со македонските власти.

Непознат корисник на платформата „Икс“ направи урнебесна пародија, во која се појавуваат снимки од премиерот Христијан Мицкоски, претседателката Гордана Сиљановска Давкова, како и други високи функционери.

Сцените се внимателно избрани и монтирани во истиот стил како и оригиналните видеа – со драматична атмосфера, гордо чекорење и сериозни изрази на лицето.

Резултатот е видео кое за кратко време стана хит на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции и коментари.

Можеби единствената слабост на пародијата е музичката подлога – виралниот хит создаден со вештачка интелигенција „Papaoutai (Afro Soul)“, кој создава атмосфера што повеќе потсетува на Африка отколку на Блискиот Исток.

Но, и покрај тоа, видеото дефинитивно вреди да се погледне.