Уапсен Србин кој ја тепал сопругата во кафана и во апартман во Охрид

Уапсен државјанин на Србија во Охрид откако физички ја нападнал својата сопруга во угостителски објект и во апартман во кој биле сместени. Полицијата најави соодветна пријава.

Четириесет и деветгодишниот Д.Г. од Република Србија синоќа околу 21 часот бил уапсен на улицата „Партизанска“ во Охрид од страна на полициски службеници од СВР Охрид, откако претходно физички ја нападнал својата сопруга.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, тој најпрво ја нападнал сопругата во угостителски објект во градот, а подоцна насилството продолжило и во апартманот во кој биле сместени за време на нивниот престој во Охрид.

По пријавата за настанот, полицијата веднаш реагирала и го привела осомничениот.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.