Уапсен наставник во Скопје: вознемирувал ученичка и барал сексуални односи
Полицијата уапси наставник од Скопје кој според пријава вознемирувал 18-годишна ученичка и барал од неа сексуални односи.
Полициски службеници од СВР Скопје на 09.03.2026 година во 17:30 часот лишиле од слобода 52-годишен маж од Скопје, кој работел како наставник во средно училиште на подрачјето на Центар.
Полицијата постапувала по претходна пријава според која во периодот од 25 февруари до 2 март 2026 година наставникот вознемирувал 18-годишна ученичка и од неа барал да имаат сексуални односи.
Од Министерство за внатрешни работи информираат дека лицето е приведено во полициска станица, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.









